Македонија Најважни

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во училиштата – вакцинацијата не треба да влијае на наставата, реагираат синдикатите

Почетокот на јули донесе термини за вакцинација на вработените во образованието.

Генерално, расположението помеѓу нив е дека наставата со физичко присуство на учениците е незаменлива и дека така треба да започне новата учебна година во септември. Здравствените власти се на иста линија по ова прашање, а епидемиолошката состојба е стабилна, па затоа сега се кројат плановите како побезбедно да се спроведе наставата.

Од понеделник ќе се почне со вакцинација на кадарот.

„Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година. Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции“ велат од Министерството за здравство.

Дел од синдикатите со реакција. Од Независниот синдикат за образование и наука ја поздравуваат одлуката да се обезбеди вакцина за сите наставници и други вработени во училиштата коишто сакаат.

Но, предупредуваат дека има наставници коишто одбиваат да примат вакцина и дека тоа е нивен личен став – што никако не смее да се одрази на спроведувањето на наставата со физичко присуство, вели претседателот на синдикатот Томислав Гиевски.

„Не постои механизам со кој просветните работници би се ставиле во положба со сила да примат вакцина – тоа не би било уставно и ние не би дозволиле такво нешто. Дискреционо право е и родителите не можат да знаат кој наставник е вакциниран и кој не е, како што ние не можеме да знаеме кој ученик е вакциниран или кој не е. Точно е дека се промени перцепцијата во однос на многу работи откако изби пандемијата со коронавирус, но на крајот се се сведува на личниот став на просветниот работник“ вели Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.

Министерството за образование и наука веќе го објави Планот за одржување на наставата со физичко присуство на учениците во основите и средните училишта во новата учебна година, како и протоколите.

Сите деца ќе се вратат во училишните клупи, но се оставаат и две резервни сценарија – со поделба во групи или онлајн-настава, во случај да се влоши епидемиолошката состојба.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе