Пораката преговорите на С.Македонија и Албанија со ЕУ веднаш да почнат, ја испрати денеска од Преспа форумот, американскиот дипломат Филип Рикер.
„Незапочнувањето на преговори го поткопуваат кредибилетот на ЕУ и се испраќа погрешен сигнал дека ЕУ го напушта регионот, но јас не верувам во тоа“, рече Рикер.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се надвор од преговорите со Бугарија, тоа им е јасно и на помалку упатените во проблематиката, на сите земји-членки на Европската Унија, на целиот регион и на целиот демократски свет, предводен од САД, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар на САД за Европа и евроазиски прашања, Филип Рикер по завршувањето на Конференцијата на Преспа форумот за дијалог.
„Политичка и морална грешка е непочнувањето на преговорите со Македнија“, рече словенечкиот претседател Борут Пахор, чија земја во следните шест месеци ќе председава со ЕУ. Тој најави следната недела патува за Софија во обид да го деблокираме ова прашање.
Сите изјави дадени на Преспа форумот имаат зеднички именител, а тоа е дека местото на Западниот Балкан е во ЕУ.
Извештајот на Тамара Грнчароска за вестите на Телма во 18.30 во видеото