Македонија

Покрај Богородица, отворен и ГП Дојран – ќе работат 24 часа

Граничните премини Богородица и Дојран на македонко грчката граница функционираат нормално. Покрај нашиот најфреквентен премин Богордица, кој работи без прекин, од синоќа од 22 часот официјално беше отворен и граничниот премин Дојран за секаков вид на сообраќај, потврдија денеска од граничните дежурни служби.

До 22 часот синоќа граничниот премин Дојран и покрај најавата од Грција дека ќе биде отворен, профункционира за влез и излез од Грција дури во наведеното време поради чекањето одлуката на грчките власти официјално да биде објавена во службен весник.

Утрово и двата гранични премини функционираат нормално и во најдобар ред. На ГП Богородица раздвиженоста е многу поголема, но според информацијата од дежурната гранична служба до раните попладневни часови чекањето за излез од земјава поради извршување на граничните формалности се движи од 10 до најмногу 20 минути.

На ГП Дојран чекањето е помало за излез од земјава. Денеска на преминот што во последно време го користат многу туристи од Србија, кои патуваат кон Грција, а ноќеваат во Дојран, се функционира нормално, па дури и пунктот за брзи ПСР тестови кој ќе работи 24 часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе