Вести Македонија Најважни

Можни нови рестрикции против Делта сојот – Македонија собира вакцини за засилена имунизација

Здравствените власти во трка со времето – да се извакцинираат што е можно повеќе граѓани летово, за да бидеме мирни на есен кога постои опасност од нов бран на зараза. Делта сојот демне над Европа и светот, а земјите покрај воведување рестрикции, собираат вакцини затоа што лекарите се едногласни – тоа е најмоќното оружје против новата болест.

Вчера Македонија доби 10 илјади вакцини АстраЗенека донирани од Хрватска и ќе добие уште 20 илјади – што е одлука на хрватската влада, а ќе бидат или од производителот АстраЗенека или Модерна – вакцина којашто за сега не се аплицира во Македонија. Во однос на опасноста од внес на индиската мутација во земјава и можноста за воведување некакви рестрикции за заштита од тоа, одговори министерот за здравство Филипче.

„Дали ќе воведуваме некаква форма на рестрикција или не, ќе разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести којшто е закажан во понеделник. Во вторник следната недела ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, Тетово и Битола, а во овие три града ќе се вакцинираат сите пријавени, ќе добијат термин во петок следната недела што значи дека вкупната бројка на вакцинирани граѓани на крајот на следната недела ќе биде некаде околу 500 илјади граѓани.“

Министерот денес беше домаќин на хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, кој јасно кажа дека и неговата земја стравува од Делта сојот, особено што туризмот таму е гранка на којашто е ставен фокусот особено во летните месеци.

„Сакаме да создадеме отпорност, да воведеме мерки на отпорност заедно со епидемиолозите, лекарите, со научните институции, за тие варијанти, соеви да бидат оневозможени и активно да се бориме против нив.“

Во Македонија досега се целосно вакцинирани повеќе од 220 илјади граѓани, а најдостапна вакцина е кинеската „Синовак“. Во меѓувреме, Европската агенција за лекови се произнесе во однос на ефикасноста на вакцините – тврдејќи дека сите вакцини регистрирани во ЕУ се сосема ефикасни и против опасните нови мутации.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе