Свет

Комисијата на епидемиолози во Грција размислува да препорача вакцинација на деца од 15 до 17 години

Постои размислување да препорачаме вакцинација на децата од 15 до 17 години, вели професорката за детски инфективни болести и членка на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Папаевангелу објасни дека ова размислување е поради тоа што децата на конкретната возраст, доколку се заразат може да поминат потешко во споредба со оние што се помали, но и поради тоа што овие деца и во самите училишта имаат поголема раздвиженост за разлика од основните училишта.

-Сега сме во крајната фаза на дискусија, сакаме да ја подготвиме оваа препорака. Секако, кога ќе дадеме зелено светло, вакцинацијата може веднаш да започне, со оглед на тоа дека постои одобрување од ЕМА. Во текот на јули, веројатно е да бидат одобрени и други вакцини за децата под 18 години, рече Папаевангелу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над шеесет жртви во израелските напади врз Појасот Газа

Дејан Дејан

Трамп најави 35 отсто царини за Канада, тарифи и за повеќето трговски партнери

Дејан Дејан

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе