Три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, се согласија претседателот на Владата Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.
„Ние сме Европа било кога порано и никогаш повеќе“, рече премиерот Зоран Заев вечерва на Форумот за дијалог Преспа.
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, кој учествува на форумот истакна „имплементацијата на Преспанскиот догор треба да продолжи за да не им се даде простор на националистичките сили“.
„Ја охрабрувам Бугарија да го наоправи големиот чекор, знам колку е тешко да се најдат решенија за чувствителни прашања“, истакна Ципрас.
Тамара Грначароска се јави од Охрид за во Вестите на Телма во 21.30 часот.