Македонија

Тече вакцинацијата со „Синовак“ – вакцини има за сите заинтересирани, велат од МЗ

Вакцината „Синовак“ веќе ја има на сите пунктови во земјата и во тек е имунизацијата со овие дози, откако се средени административните детали со Агенцијата за лекови.

Станува збор за безбедна вакцина, а стручните медицински лица во земјава објаснуваат дека истата е класична, направена со технологија која се користи години наназад.

Во Кина оваа вакцина ќе се користи за имунизирање и на деца над три години, но кај нас засега ќе биде достапна само за возрасните, над 18 години.

„Во однос на вакцината, таа штити од заболувањето како што е Ковид, односно 100% штити од хоспитализација и смрт. Погодна е за давање на сите граѓани. Се дава во две дози, на растојание од две до четири недели и се аплицира во делтоидниот мускул“ вели Даниела Марковска, доктор на медицина.

Одредена количина од пратката со половина милион дози „Синовак“ е одвоена и поделена во сите вакцинални пунктови. Но, се вакцинира и со другите достапни вакцини коишто се преостанати во пунктовите – во дел од нив со „АстраЗенека“, а во дел со „Фајзер“.

Медицинските тимови велат дека вакцини сега веќе имаме достапни за сите заинтересирани за вакцинирање, но почитувањето на термините и понатаму е обврска на граѓаните.

„Сите возрасни групи се со термини – безразлика за која возраст станува збор. Вакцинацијата тече со „Фајзер“ во моментов и така додека имаме дози, а потоа ќе почнеме со „Синовак““ вели Дрита Зибери, главна сестра во Здравствен дом – Тетово.

„Вакцинацијата продолжува со зголемен интензитет и ако се продолжи со ова темпо на вакцинација, за кратко време ќе имаме над 40 илјади граѓани коишто се вакцинирани во Тетово. Луѓето да доаѓаат во терминот што го имаат, да доаѓаат сами, а гужва нека има надвор од пунктот за вакцинација за да не се создаваат непотребни гужви пред влезот во пунктот“ вели Ахмед Ќазими, координатор за вакцинација – Тетово.

Министерот за здравство денес дополнително инфомираше дека ќе пристигнат и нови количини вакцини. Станува збор за донација од 10 илјади вакцини АстраЗенека од Хрватска.

Залихата ќе се надополни и со нови, десет илјади дози од руската „Спутник“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе