Македонија Најважни

Усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и Албанија меѓу приоритетите на словенечкото претседавање со ЕУ

Словенија од денеска го презде шестмесечното претседавање со ЕУ. Главни приоритети ќе бидат проширувањето и усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и Албанија .Словенечкото претседателство ќе работи по предлогот на португалското за решавање на спорот со Бугарија, но големи очекувања за напредок нема.

Деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Македонија ќе биде една од  задачите на претседавањето на Словенија со ЕУ. Словенија смета дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот. Ќе продолжат да работат на надминување на спорот на Македонија со Бугарија а на маса ќе биде ставен португалскиот предлог.

Во следните 6 месеци ќе се фокусираме на проширувањето на ЕУ.Во последната деценија немаше проширување заради кризи.Но ,сега знаеме дека ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе се прошири, но тоа нема да биде проширување на слободата и владеењето – Јанез Јанша, Премиер на Словенија.

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен рече дека времето на словенечкото претседателство ќе биде пресвртна точка за унијата.

По неисполнетите ветувања во време на германското претседателство, продолжувајќи во португалскотото, надежите за почеток на преговори со Еу се свртени кон словенечкото претседателство.Но без договор и решавање на спорот на Македонија со Бугарија, тешко дека ќе може да се деблокираат евроинтегративните процеси.

Словенија продолжува таму каде што застана Португалија.Неизвесно е дали во шестмесечниот мандат ќе успее да се избори за проширување на Унијата и стабилноста на регионот.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе