Економија Топ вести

Ребаланс: За власта развоен – за опозицијата расипнички

За власта ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизарање на економијата по ковид кризата – за опозицијата тој е расипнички, и има повеќе пари за трошење за предизборен поткуп и партиски вработувања. Почна комисиската расправа за најобемната државна каса до сега, со која годинава ќе се потрошат 4,37 милијарди евра. Власта побара поддршка од сите пратеници, опозицијата достави 222 амандмани. За заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, со ребалансот се обезбедуваат повеќе пари за стопанството, за здравството, но и за капитални инвестиции.

Опозицијата критикува – ребалансот е одлика на неодговорната власт, со која земјава ја живее најголемата економска криза, државата се одржува од кредити, а јавниот долг е историски највисок. Обвинуваат – нема раст, нема нови проекти, странски инвестиции, ниту зелена агенда, туку само повеќе пари за предизборен поткуп и вработувања.

Со предложениот ребаланс власта планира да потроши 345 милиони евра повеќе од првичните проекции. Буџетскиот дефицит ќе достигне 6,5 проценти од БДП или 750 милиони евра. Проектиран е раст на економијата од 4,1 процент. Комисиската расправа во Собранието ќе трае 10 денови, по што прекроената државна каса оди на усвојување пред пратениците.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Истрагата за директорот на АНБ, Бојан Христовски – пред крај, вели Коцевски кој вчера се „дружеше тет-а-тет“ со првиот човек на националната безбедност  

Дејан Дејан

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе