Деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Македонија ќе биде една од задачите на претседавањето на Словенија со ЕУ. Словенија смета дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важно за стабилноста на регионот. Ќе продолжат да работат на надминување на спорот на Македонија со Бугарија а на маса ќе биде ставен португалскиот предлог.
По неисполнетите ветувања во време на германското претседателство, продолжувајќи во португалството, надежите за почеток на преговори со ЕУ се свртени кон словенечкото претседателство. Но без договор и решавање на спорот на Македонија со Бугарија, тешко дека ќе може да се деблокираат евроинтегративните процеси.
Друг значаен аспект е и поддршката која ја ужива словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Словенија продолжува таму каде што застана Португалија. Неизвесно е дали во шестмесечниот мандат ќе успее да се избори за проширување на Унијата и стабилноста на регионот.
Јулијана Пешевска