Македонија Најважни

Голем интерес за кандидати за градоначалници

Анкетите во СДСМ за рејтингот на можните кандидати за градоначалници исфрлаат звучни имиња.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ е меѓу нив.

Таа е најсериозниот конкурент во внатрепартиската анализа, а за кандидатското место во општина Центар, добро котираат уште една позната лекарка како и актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ.

Од сегашните градоначалници, повеќето имаат амбиции за уште еден мандат. Тоа веќе го потврдија Петре Шилегов за Скопје, Илија Јовановски за Прилеп, Сашко Поцков за Гевгелија, Максим Димитриевски за Куманово, Филип Темелковски за Кисела Вода.

Пликовите што содржат кандидатури, заедно со биографија, концепт и визија за развој на општините, веќе пристигаат во седиштето на СДСМ. Рокот за самокандидирање завршува утре.

Паралелно, тече рокот и за предлагање кандидати за градоначалници и советници и од страна на месните одбори.

Дел од нив беа разгледувани викендов во Струга, но лидерот Зоран Заев вели дека листата со кандидати ќе се објави кон крајот на јули или почетокот на август, кога треба и да се распишат локалните избори, кои според законот, треба да се одржат во втората половина на октомври.

СДСМ е уверена дека нејзините кандидати се фаворити и на овие избори.

На централно ниво, СДСМ добива пратеник плус.

Даниела Николова од Аеродром влегува во парламентот на местото на Мирослав Богдановски. Собранието само ја констатираше оставката што вчера ја поднесе пратеникот на ДОМ.

Богдановски се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.

Уверен е дека ќе биде попотребен во градската инспекција отколку во Собранието.

За Телма вели дека оставката ја поднел вчера и дека не разговарал со претседателката на партијата Маја Морачанин, со која и онака немал добра соработка.

Морачанин вели дека се работи за негова лична одлука, за која партијата не расправала и не била информирана.

ДОМ останува со еден пратеник. Раздорот во партијата кулминираше минатиот месец, кога беа разрешени потпретседателите Богдановски и Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Двајцата беа дел од иницијативата за вонреден конгрес, но Централниот одбор ја прогласи за нелегитимна и на обајцата им изрази недоверба.

Превирањата во ДОМ не влијаат на капацитетот на парламентарното мнозинство. Тоа и натаму има 62 пратеника.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Европската комисија нека избере Судски совет и обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе