Македонија

Бришење на каматите – помош за најсиромашните или влијание пред локални избори прашува ДКСК?

Бришење на каматите и плаќање на долговите кон општинските и државните претпријатија на сметки постари од три месеци најави премирот Зоран Заев, а Државната комисија за спречување корупција веднаш го вклучи црвеното светло. Помош за погодоените граѓани од корона вирусот или влијание пред избори е прашање кое ДКСК сериозно ќе го разгледува.

Загриженоста на членовите на антикорупциска произлегува од праксата владата неколку пати годишно да предлага законски решенија со кои се потткинува бесправно и неодговорно однесување на граѓаните.

Владата, пак, реагира дека оовј закон во најава е дел од антикризните мерки против пандемијата и е најавен многу одамна.

Законот за отпис на камати е антикризна мерка за помош на граѓаните, дел од петтиот пакет економски мерки, донесен во февруари.Оваа Влада во континуитет ги поддржува граѓаните и стопанството со соодветни мерки за време на целата криза и истите даваат резултати.

Освен отписот на долговите, минатата година владата со 10 милиони евра државни пари „спаси“ илјадници граѓани од извршителски услуги и им ги репрограмираше долговите кон јавните претпријатија. Премиерот Зоран Заев најави дека со новиот закон државата ќе ги отпише каматите на граѓантие кои должат повеќе од три месеци и ќе им дозволи да ги исплатат долговите на 12 рати. Парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопански претпријатија ќе се плаќаат на рати но засега владата нема пресметка колку оваа мерка ќе го чини буџетот, а ќе погоди 150 илајди луѓе кои според владата ги погодила корона кризиата и останле без примња за да можат да ги подмируваат сметките.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНР му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Европската комисија нека избере Судски совет и обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе