„Северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“ е точната фраза што ја искористила државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел, а која ја разбранува јавноста.
Откако нејзината изјава беше пренсена во македонските медиуми, се огласи и португалската амбасадорка во земјава, Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, која вели дека „Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Македонија, напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“.
Пина, чија земја е претседавач со ЕУ, ги демантира извештаите на бугарските медиуми и вели дека во изјавата на Закаријаш „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.
Но, аудио записот од ијавата на Закаријаш покажува дека амбасадорката не е во право.
Премиерот Зоран Заев, изјави дека Министерството за надворешни работи ќе ја провери автентичноста на изјавата, повторувајќи го ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решавање на разликите, бидејќи нуди решение, но не зазема страни.