Ковид19 Свет

Од утре Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата

Од утре, 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата при што земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата во нив. Тоа беше обелоденето денеска од техничкиот министер за здравство Стојчо Кацаров

Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните тестови во нив. За бугарските власти државите ќе бидат во – Зелена зона, Портокалова зона,  Црвена зона.

Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) – за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД .

За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.

Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата со епидемијата во државата.

Луѓето кои се од ржавите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, некои од луѓето, по случаен избор, ќе се вршат дополнителни тестови. А, оние што се во црвената зона нема да им се дозволи влез во Бугарија, објасни Кацаров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе