Македонија

Илинка Митрева одликувана со орден „Витез на Легијата нa Честа“ од Франција

Во француската резиденција вечерва амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија Сирил Бомгартнер, во името на Претседателот на Француската Република со орденот „Витез на Легијата нa Честа“ ја одликува поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

Амбасадорот Бомгартнер на одликувањето истакна дека Митрева откако два пати беше одликувана со одрени во 1998 и 2016 година, ова е трет пат како неговата земја одлучува да ја одликува со највисокиот француски орден.

Овие повторени растечки почести се признание за силната ваша посветеност за Северна Македонија, за Франкофонијата и за Европа. Тие се исто така и белег на верно и постојано пријателство помеѓу вас и нас. Оваа приказна помеѓу Франција и вас е пред се и културна и јазична приказна. Кога странец зборува навистина добро француски, ние велиме дека тој го зборува како тебе и мене. Но, кога тој го разбира дури и подобро од тоа, тогаш не знаеме што да кажеме или поточно сме во искушение да не кажеме ништо, рече амбасадорот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе