Македонија Најважни

Пендаровски и Милановиќ: Погрешна и невнимателна изјава на Закаријаш

„Вие никогаш нема да се нарекувате северномакедонски“. Неколку пати повторувајќи го името на државата Република Македонија, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ даде целосна поддршка после вчерашната изјава која дојде од државниот секретар за европски прашања на Португалија. За него ваквата изјава на Ана Паула Закаријаш е од незнаење и невнимателност. И за македонскиот претседател Стево Пендаровски изјавата е погрешна.

  • Македонија, ве викам така иако сте Северна Македонија, не ми е да предизвикам дипломатски скандал почитувам договори но, ова е злонамерна неинформираност која доаѓа од ЕУ, а не од регионот. Кога ќе почнете да навлегувате во интимниот простор на една држава има деликатни прашања, право на име, право на јазик, опортунистички се мотивите, рече меѓу другото Зоран Милановиќ – претседател на Република Хрватска
  • Од историчари кои толкуваат политика полоши се само политичари кои се занимаваат со толкување на историски епохи. Погрешна е изјавата на португалската министерка за виталните национални интереси и на Македонија и на Бугарија, рече Стево Пендаровски – Претседател на Република Македонија кој е во официјална посета на Загреб.

Среќа е за Македонија што од утре завршува Португалското претседателство со Советот на Веропската Унија и започнува словенечкото се согласија двајцата претседатели. Тие гледаат пријател во Словенија која би можела да помогне во евроинтеграциите на целиот регион на Западен Балкан. Сметаат дека предолго се одложува проширувањето на ЕУ.

– За Република Словенија немам апсолутно никакви дилеми дека ќе се одлични претседавачи со Унијата, рече Пендаровски.

–  Македонија и Албанија безобразно се држат пред вратата, како и Србија и Црна Гора. Тоа трае предолго, рече Милановиќ.

Милановиќ не штедеше ниту зборови во одговорот на новинарско прашање за можноста која ја отвори европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи дека Албанија може и без Македонија да ги започне преговорите. За него тоа е изјава на политичар кој доаѓа од Унгарија поврзувајќи го со блокирањето на земји во кои живеат муслимани. За Пендаровски пак не е проблем Албанија да почне преговори, доколку Македонија е блокирана од Бугарија.

Претседателот Стево Пендаровски е првиот Претседател кој доаѓа во официјална посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Дводневната посета на Пендаровски кај Милановиќ се случува во очи на промената на претседавањето со Советот на Европската унија.

Билјана Николовска од Загреб за вестите на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНР му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Европската комисија нека избере Судски совет и обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе