Вести Македонија Најважни

Аудио снимка потврдува дека Закаријаш смета дека „северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик“

„Северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“ е точната фраза што ја искористила државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел, а која ја разбранува јавноста.

Откако нејзината изјава беше пренсена во македонските медиуми, се огласи и португалската амбасадорка во земјава, Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, која вели дека „Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Македонија, напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“. 

Пина, чија земја е претседавач со ЕУ,  ги демантира извештаите на бугарските медиуми и вели дека во изјавата на Закаријаш  „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

Но, аудио записот од ијавата на Закаријаш покажува дека амбасадорката не е во право.

Премиерот Зоран Заев,  изјави дека Министерството за надворешни работи ќе ја провери автентичноста на изјавата, повторувајќи го ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решавање на разликите, бидејќи нуди решение, но не зазема страни.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе