Македонија

Стивнаа турканиците пред МВР за издавање биометриски документи, но закажувањата останаа проблематични

Вчерашните сцени на турканици и бројни граѓани кои седеа на скалите пред МВР, чекајќи да им бидат издадени нови или обновени биометриски документи со новото име Република Северна Македонија, денеска ги нема. Пред просториите на МВР кај Јавниот сервис сликата е порелаксирана, а ретки се граѓаните кои дошле денеска и им било кажано дека треба сеуште да чекаат.

Но, останува проблематично закажувањето термин за лична карта или пасош, по електорнски пат. При внесувањето на податоците, системот возвраќа дека не постои слободен термин. А, не се достапни ни службите за примање на повиците на граѓаните по телефон. Од МВР велат дека закажувањето оди преку фирма избрана на тендер со која се во постојан контакт. Но, апелираат на трпение заради исклучително големиот интерес , сега кога се планираат патувања , откако се подобри состојбата со корона вирусот.

Во текот на вчерашниот ден и во изминатите денови имаме по 4000, па дури и по 5000 барања за издавање документи. Затоа апелирам до граѓаните за малку трпение , да почекаат и кога ќе се јави операторот да можат да го закажат терминот за сликање за личен документ, изјави портпаролот на мвр тони ангеловски.

За да излезат во пресрет на граѓаните, од МВР велат дека е продолжено работното време и работењето за викенд и дека има доволно пасоши за издавање и за следниот период.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе