Македонија Топ вести

Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот

Факт е дека не започнавме процес на сертификација на сите воени лица, бидејќи тоа е и барањето на НАТО. Само оние кои треба или мора да имаат НАТО сертификати влегоа во процесот и таа бројка е релативно мала. Кај најголем дел од офицерите оваа постапка е или пред крај или е сосема завршена и очекувам во текот на летото да се донесат одлуките, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Тоа се сметаше како еден чекор напред да не биде преголем бројот на луѓе коишто ќе имаат НАТО сертификати бидејќи нема да имаат потреба да работат со НАТО соодветни документи.

Ние во процес имаме на пример пополнување на шест командни позиции коишто нема да бидат наши претставници во военото претставништво, туку ќе бидат дел од НАТО структурата. За тие шест позиции сите мора да имаат НАТО сертификати и колку што ме информираа процесот за нив е веќе на самиот крај. Очекувам од септември дека ќе имаме целосна екипа која што ќе ги пополни позициите на Северна Македонија во НАТО командите, рече Шекеринска во одговор на новинарско прашање  на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД во касарна Чојлија кај Петровец.

Нагласи дека ќе продолжи ангажманот во Армијата и на оние офицери кои нема да добијат НАТО сертификати без разлика дали ќе бидат одбиени или само нема да го добијат, но на позиции кај кои не е неопходен НАТО сертификат.

-Нашата цел не е да изгубиме луѓе, нашата цел не е луѓе да изгубат егзистенција па и позиција која што ја имаат но треба да работат на места во Армијата каде што не е потребен НАТО сертификат бидејќи немаат контакт со НАТО документи, појасни Шекеринска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе