Македонија Топ вести

Пасоши има, но и гужви

Системот на МВР за издавање бимотрески документи проработи и предизвика гужви и редици. Стотици граѓани чии што термини за сликање беа откажани во четвртокот и петокот изутринава дојдоа во просториите на МВР кај Mакедонската радио телевизија. Редот се протега до паркингот и скалите, а граѓантие со часови чекаат да стасаат до некојa од кабинтие за сликање. Пасоши има за сите, но со новото име Репулбика Северна Македонија откако по неколку дена пауза во работењето МВР го вметна во новите документи.

Реакции освен од граѓаните кои чекаат на ред стаса и од опозицијата. Според тврдењата на Алијасна за Албанците и Алтернатива проблемот не е ниту во недостигот на пасоши, ниту во промената на името на државата, туку во организацијата на работата внатре во МВР.

Додека стотици чекаат на ред, илјадници други секојдневно се обидуваат да закажат за термин.  На голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување. Со цел побрза услуга на граѓаните, МВР најави дека е продолжено работното време и воведено е и работење во викенд.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе