Македонија Топ вести

За две недели почнува чистењето на линданот

На 13-ти јули почнува отстранувањето на опасниот линдан од ОХИС. Ќе се чисти и нивелира малата депонија. Министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека тоа ќе биде процес што ќе трае цела година и ќе чини околу 8,4 милиони евра.

Планот за ремедијација на локалитетот беше одобрен во април. На меѓународен тендер беше избрана фирмата Полиеко, која треба да спроведе безбедно чистење на околу 700 тони со заштита на околината од контаминираниот воздух. Линданот ќе биде извезен во Франција а контаминираната земја во Холандија, согласно Базелската конвенција.

Малата депонија се наоѓа до оградата на фабриката Охис и булеварот „Борис Трајковски“. Се уште не се најавува чистење на големата депонија, на која се претпоставува дека има околу 40 илјади тони канцероген линдан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе