Македонија Топ вести

Дали свидетелствата и оценките на денешните генерации се реалност?

Во образованието постојано се зборува за реформи и за тоа дека со промените што вклучуваат модернизација и на учебниците и на образованието им се помага на учениците. Згора на сѐ, ако ги видите свидетелствата на денешните генерации, тие се полни со петки, од прва до последна, а се случува и речиси цели паралелки да имаат одличен успех, објавува МКД.мк.

Но просекот 5,00 е само на парче хартија, бидејќи во реалноста работите се многу поинакви. Учениците што во основно имаат одличен успех, во понатамошните нивоа на образование се соочуваат со проблеми бидејќи буквално се губат во обемноста. Во нашата држава постојат класови во кои буквално сите деца имаат петки по еден или повеќе предмети. На пример, по предметите историја, биологија, ликовно, физичко… сите деца имаат петки, а просекот на одделението е 4.80, што покажува дека има многу одлични ученици.

За тоа дали свидетелствата и оценките на денешните генерации се реалност и дали навистина имаме толку многу генијалци или, пак, тие се само одраз на незаинтересираноста на наставниците, редакцијата на МКД.мк побара став и од Министерството за образование и наука и од професорот во пензија Илија Ацевски.

„Мојот став е дека свидетелствата полни со петки за учениците се карикатура за образованието и неуспех на наставниците. Секоја втора магистратура и докторат е препишана и иста со некоја претходно, а за тоа се плаќа по 500 евра за магистратура. Тој е тој егалитарен синдром и значи дека во суштина ги обезвреднува сите други критериуми, а тоа се одразува во залагањето на ученикот и во неговата претстава што е квалитетно, што не е квалитетно, во начинот на учење, дури и се добива таа претстава дека сите се еднакви. Тоа се почувствува додека јас работев на универзитет и почнаа да доаѓаат ученици од внатрешноста за упис и беа целосно одлични. Таму критериум за вредност се оценките, примавме студентки од кои 90 отсто беа одлични. Тоа создаде една неверојатна конфузија околу тоа за што е одреден ученикот“, вели професорот Ацевски.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе