Свет

Надежта за пронаоѓање преживеани под урнатините во Мајама се помала

Официјалниот смртоносен биланс од трагичното урнување на дел од станбениот блок во близина на Мајами се зголеми на 5, потврдија властите.

Градоначалничката на Мајами-Дејд, Даниел Левин Кава, изјави дека бројот на луѓето чија судбина засега е непозната се спуштил на 156, откако уште 3 од пронајдените безживотни тела биле идентификувани.

“Нашите тимови работат непрекинато, како секогаш, во потрагата по преживеани. Тие не престанаа. Денеска нашите спасувачки тимови пронајдоа уште едно тело под остатоците. Исто така, нашата потрага откри уште некои човечки остатоци. Процесот на идентификација на овие жртви е многу тежок. Ќе се потпираме на ДНК тестирањата. Затоа и веќе собираме примероци од ДНК од членовите на семејствата” – градоначалничка на Мајами Дејд.

156 исчезнати. За семејствата и најблиските на овие луѓе , таа бројка е многу повеќе од статистика.

Два дена по трагедијата надежта за чудесно спасување на нивните сакани е се помала а стравувањата се зголемуваат.

Кулите Чамплеин во местото Сурфсајд биле вистинки меѓународен микс на луѓе од различни делови на светот , од емигранти од Јужна Америка до ортодоксни Евреи.

Мајката на Мајк Нориега, го разбудила околу 2 часот по полноќ, откако се урнал станбениот блок во кој неговата баба Хилда живеела на 6-тиот кат.

“Брзо дојдовме тука околу 2 часот и 30 минути по полноќ и кога ја видовме сцената, едноставно…толку беше тешко да се процесира сликата…затоа што тоа е нешто што треба да го видите на филм, но никогаш да не го видите во реалноста” – вели Мајк Нориега.

Талкајќи низ урнатините, Мајк пронашол и спомени од животот на својата баба, вклучувајќи стара фотографија со нејзиниот сопруг и нивниот малечок син, односно човекот кој подоцна ќе стане негов татко.

Тој пронашол и роденденска честитка која неговата баба ја примила пред само 2 недели.

“Тоа е името на мојата баба, Хилда, додека ова е роденденска честитка која и била дадена пред две недели. Мислам, какви се шансите ова да се случи?” – запраша Мајк Нориега

Причината за урнувањето на зградата останува нејасна. Но инжињерскиот извештај од 2018-та година кој вчера беше објавен , открива голема грешка во станбениот блок, кој ја спречил дренажата на водата од темелите на објектот изграден во непосредна близина на океанот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе