Маж вооружен со нож уби тројца луѓе и тешко повреди уште 5 други лица вчера попладне, во јужниот германски град Вурцбург, пред да биде ранет со истрел од огнено оружје од полицијата и уапсен.
Полицијата потврди дека меѓу ранетите е и едно младо момче, чиј татко најверојатно е меѓу убиените.
Осомничениот бил на третман во психијатриска болница пред нападот и бил познат во полицијата, соопшти министерот за внатрешни работи на сојузната германска држава Баварија.
Полицијата потврди дека осомничениот за страотното крвопролевање е 24 годишен Сомалиец. Неговиот живот не е загрозен од прострелната рана, информираа од полицијата. Се пребарува и домот на напаѓачот и се проверуваат неговите контакти за дополнителни докази.
Иако убиецот имал криминално досие, ниту едно од претходни кривични дела не било поврзано со тероризам, соопшти полицијата.