Најважни Свет

Торнадо ја погоди југоисточна Чешка

Торнадо вчера ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета, јави ДПА.

Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе.

– Можам да потврдам дека има жртви, но засега не ја знаеме нивната точна бројка, изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.

– Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, беа погодени од торнадото

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе