Фрапантни црни статистики. 25.775 загубени битки за живот за една година, или во просек умирале по 70 луѓе на ден. Во 2020-тата, бројот на починати пораснал за рекордни 26 проценти во однос на годината претходно.
Повеќе од три четвртини заради здравствени проблеми. Над 41 процент кардиолошки, околу 16 отсто малигни, а за прв пат во стастистиките и ковид-графа. Безмалку 11 отсто од починатите се жртви на корона-вирусот, а најмногу луѓе починале во месец ноември – 3.847.
Се поставува прашањето колку овој драматичен скок на починати е последица на блокираниот здравствен систем заради ковид-кризата. Голем број болнички одделенија во овој период беа претворени во ковид-центри, а луѓето едвај доаѓаа до термин за здравствена услуга.
Во пиковите на ковид 19, дел од здратсвените установи воопшто не примаа пацинети со други дијагнози, освен итни случаи. Дополнително што овие црни статистики се во година на ковид, а процентот е највисок и во однос на сите претходно објавени извештаи на статистика, почнувајќи од 1995-та година.
Некои држави веќе излегоа со анализи каде прецизно се нотира дека заради задоцнети прегледи поради ковид-кризата, зголемен е бројот на смртни случаи, најмногу кај срцевите болести. Според последниот извештај, во 2020тата намалување има само на процентот починати доенчиња. Вкупно 108 бебиња не ја преживеале првата година од животот, или само 4 помалку во однос на 2019та година.
Весна Јовановска Дојчиновска