Македонија Топ вести

Изборниот модел нема да се менува наскоро

Повеќемесечниот дијалог меѓу партиите и експертите за менување на изборната регулатива даде само еден резултат: сите се согласни дека забелешките на ОБСЕ/ОДИХР треба да се внесат во закон. Министерството за правда согледало дека за другите прашања ќе биде потребно повеќе време.

ВМРО-ДПМНЕ бара мнозински наместо пропорционален модел.

За Алијанса-Алтернатива, оптимален број на изборни единици е осум.

Алијанса, СДСМ и ДУИ се за отворени листи уште на овие локални избори, како тест за парламентарните, но не прифаќаат условување од ВМРО-ДПМНЕ.

На дискусијата организирана од Цивил, ДИК потврди дека течат подготовките за гласање со фингерпринт. Ќе се набават хардвер, софтвер и 4.000 апаратчиња. Се бара решение и за евентуални проблеми на гласачкото место.

Гласањето со отисок од прст прв пат ќе се примени на локалните избори во октомври. Со закон е овозможено МВР да му ги предаде на ДИК базите со податоци за имињата, адресите, фотографиите и отисоците на сите гласачи запишани во Избирачкиот список.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе