Регионите на Пелагонија, Демир Хисар и Кичево, вчера после 17 часот беа зафатени од силно невреме, проследено со ветар, дожд и наместа појава на град. Земјоделците од неколку Пелагониски села велат дека најпогодени се земјоделските посеви со бостан и тутун. Невремето кое траеше десетина минути поплави и улици во некои делови од Битола. Од Центарот за управување со кризи велат дека досега во општините не се пристигнати пријави за штети од вчерашното неврме.
Од УХМР информираат дека во текот на вчерашниот ден во овие региони авионски се дејствуваше со 99 ракети, но поради екстремно високите параметри на градоносните облаци, било невозможно да се спречи појавата на град, туку само да се намали интензитетот.
Во јуни годинава се употребени над 1200 ракети, за разлика од лани кога преку цела години било дејствувано со 1080 ракети за уништување на градоносните облаци
Емилија Мисирлиевска