Македонија

Мали се шансите министерскиот совет на ЕУ денеска да донесе одлука за меѓувладината конференција

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија.

Повеќе министри упатија поддршка за Македонија и Албанија пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат овие две земји со оглед на постигнатиот реформски напредок кој треба да биде награден.

Бугарија меѓутоа за сега не дава знаци дека ќе попушти и покрај португалскиот дипломатски обид за медијација, а повеќето земји членки не се подготвени да ги одвојат Скопје и Тирана во овој дел од процесот.

Словачкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи и европски прашања, Мартин Клус, изјави дека за Словачка процесот на проширување е многу важен и посочи дека денеска ќе се бара начин да се деблокира патот кон ЕУ за Македонија и Албанија.

-Со нетрпение очекувам позитивен одговор затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ во регионот, кој е многу важен за Словачка, рече Клус.

Германскиот државен секретар Михаил Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување, додека Литванија оцени дека политика на проширување и напорите на земјите кандидати не смеат да бидат компромитирани.

Охрабрувачки пораки пристигнаа и од Ирска чиј министер нагласи дека очекува исчекор денеска во политиката на проширување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе