Македонија

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, на видео конференција за евроатлантската интеграција на Балканот, во организација на грчката непрофитна организација „Грик Хаус Давос“ (Greek House Davos).

Како што јави денеска Гласот на Америка, Палмер истакнал дека САД целат кон мирен, стабилен и просперитен Западен Балкан во ЕУ и дека САД и ЕУ се партнери во промоција на стабилност и борба против корупцијата во регионот.

Метју Палмер го истакна значењето од подобрување на односите меѓу Србија и Косово, и забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, соопшти грчката непрофитна организација, нагласувајќи дека Палмер го истакнал и значењето на Грција како регионален играч, но, и во поширокиот регион на Медитеранот.

На тркалезната маса, покрај други регионални лидери и амбасадори, учествувал и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, кој потенцирал дека нема друга иднина за регионот од европската. На тркалезната маса учестввал и косовскиот премиер Албин Курти кој ја пофалил грчката демократија.

Учесниците разговарале и за потребата од зголемена политичка одговорност по пандемијата, преку заштита на независноста на судските системи и зголемено учество на млади во политиката

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе