Индискиот сој на вурусот е потврден кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Станува збор за колега на првоткриениот случај со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцат биле на работа во Ирак, со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Министерот Филипче тврди дека состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик.
Има уште еден ист таков пациент кој што се лекуваше во една од приватните болници, засега и епидемиолошките мерки кој што се направени покажаа дека нема некаков ризик, а некакви доплнителни мерки нема потреба да се прават, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Индискиот сој е позразна варјанат, а СЗО соопшти дека станува доминантен во светот. Министерот препорачува вакцинација иако процесот кај нас поради недостиг на вакцини е забавен.
Стравување од Индискиот сој или таква евентуално нова форма на муатација која може да биде позаразна од сегашните актуелни, постои насекаде, но она што е многу битно е дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста и од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот, вели Филипче.
Министерот Филипче вели дека веќе кон крајот на месецот во Македонија ќе пристигнат поголеми количини на вакцини. На 28 јуни се очекуваат 100 илјади фајзерови преку КОВАКС механизамот, а на 27 и 30 јуни, треба да пристигнат 500 илјади вакцини на Синовак, со што ќе се интензивира процесот на вакцинација
Останува уште една недела до пристигнувањето на значајно големи количини на вакцини, а нашите проценки се дека до крајот на летните месеци ќе заврши вакцинацијата на оној процент на граѓани кој е потребен за да се постигне колективен имунитет за да спремни ја дочекаме есента, вели Филипче.
Оние граѓани кои се во повозрасната категорија и биле пријавени, а не биле вакцинирани, Филипче ги повика да аплицираат повтроно преку матичните лекари во системот мој термин, за да се коригираат овие пропсусти.
Емилија Мисирлиевски