Македонија Спорт Топ вести Фудбал

Васоски: Најдобро второ полувреме изиграно досега, Трајковски играч на натпреварот

Дијаметрално спротивни полувремиња, од бездна назад во игра, одбранет пенал, но на крајот немавме доволно среќа за да го постигнеме израмнувачкиот гол и да го освиме првиот бод на европските прванества.

Натпреварот со Украина го анализиравме со Александар Васоски, тренер на Академија Пандев и поранешен репрезентативец со 33 настапи за националниот тим и постигнати два гола.

Васоски како и речиси сите фанови нема чуство на горична по овој пораз со кој дефинитивно ги загибивме шансите за пласман во следната фаза на прванеството и елиминациите.

Првото полувреме е досега најслабиот период во играта на нашата репрезентација не само на ова првенство, туку и неколку натпревари наназад.

Селекторот Ангеловски ги погоди измените, внесе свежина во играта, го засили нападот и ги изненади Украинците. Затоа тотално ги надигравме и имавме шанси да се избориме барем за нерешен резултат.

Во понеделник нашата селекција го игра последниот трет натпревар на Европското првенство. Во Амстердам на арената „Јохан Кројф“ ќе се надигрува со домаќинот Холандија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе