Спорт Топ вести Фудбал

Ангеловски: Победени сме, но не поразени

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски жали што неговите избраници не стигнаа до позитивен резултат против Украина (1-2).

Очекувано тој беше позадоволен од играта во второто полувреме и тогаш Македонија покажа дека не е случајно на ова Европско првенство.

„Одигравме меч со две различни полувремиња, но во второто покажавме зошто сме дел од Европското првенство, дека имаме квалитет, дека сме заслужено помеѓу европскиот крем. Кога навивачите ќе ве испратат со ваков аплауз после пораз, значи дека добро сме одиграле. Но, многу ми е криво што целиот овој меч не е заокружен со позитивен резултат. Ние сме победени, но не сме поразени. Тоа денеска го покажавме, дека заслуживме да играме на ова ЕП и дека овие фудбалери треба само вака да продолжат, како што беше во второто полувреме и во следните мундијалски квалификации, а прво да го одиграме вака и целиот натпревар со Холандија за четири дена“, рече Ангеловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе