Свет Топ вести

Генерален штрајк на синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција

Генерален 24-часовен штрајк започна утрово Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција поради новиот закон за работни односи, што денеска ќе се гласа во грчкиот Парламент, а паралелно закажани се и протести.

Грчките синдикати, минатата седмица одржаа масовни демонстрации, а денешниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на јавниот сектор и неколкучасовниот прекин со работа на Синдикатот на вработените во приватниот сектор е поради гласањето на законот.

За непречено да се одржат испитите од државната матура, од штрајкот ќе бидат исклучени професорите, а вработените во јавниот превоз во Атина ќе учествуваат со неколкучасовен прекин на работата, откако нивниот 24-часовен штрајк, атинскиот суд го прогласи за незаконски.

Новинарите и вработените во медиумите имаат четиричасовен прекин на работата од 14 до 18 часот.

Иако ставот на Владата е дека новиот закон за работни односи предвидува одредби кои се во корист на вработените, сепак освен синдикатите, против се и сите опозициски партии.

Портпаролот на СИРИЗА Насос Илиопулос на брифингот со странските дописници во Грција истакна дека тие, кога ќе дојдат на власт, веднаш ќе го поништат конкретниот закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе