Свет Топ вести

Кина утре во вселената го лансира бродот „Шенжу-12“ со тричлен екипаж

Кина утре во вселената ќе испрати три лица, во својата прва мисија со екипаж во последните речиси пет години, што е дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.

Кина планира во четврток од Јикуан, во северозападна провинција Гансу, да го лансира вселенското летало „Шенжу-12“, изјави денеска претставникот на кинеската вселенска агенција Ји Киминг.

Во екипажот ќе бидат астронаутите Неи Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој. Мисијата ќе ја предводи поранешниот пилот Неи, кој ќе биде најстариот национален астронаут што заминал во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите „Шенжу-5“ во 2003 година и мисијата „Шенжу-10“ во 2013 година.

„Шенжу-12“, што значи „Божествен брод“, е трета од вкупно 11-те мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица.

Кина годинава почна со изградба на вселенската станица, откако кон крајот на април го лансираше во орбитата „Тианхе“, првиот и најголем од вкупно трите модули.

Тричлениот екипаж на модулот „Тианхе“ (Небесна хармонија) ќе треба да остане три месеца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе