Публиката славаше и не можев добро да слушнам што точно ми кажа Марко Арнаутовиќ откако го постигна третиот гол за Австрија. По мечот дојде во нашата слоблекувална ми подада рака и се извини. Дојде како пријател, зборувавме и се разбравме на германски. Два дена по мечот со Австрија и бурните реакции од однесувањето на Арнаутовиќ детали во јавноста изнесе и нашиот репрезнтативец Езџан Алиовски во официјлната прессконференција на Македонската фудбалска репрезентација.
„Имавме расправии во текот на мечот. Тоа не е нешто погрешно додека трае мечот. По мечот зборувавме, се ракувавме. Проблемот беше по голот кога викаше кон мене. Не можам да кажам што ми кажа, кога не слушнав. Тешко беше да слушнам. Важно ми беше по мечот да зборуваме, другото зависи од УЕФА и од федерацијата. Сè може да се види на видеото. Тоа е нормален момент од секој натпревар. Проблемот е во видеото, зошто рече тоа што го рече. Ќе видиме“ , рече Алиоски.
Инцидентот кој го направи Марко Арнаутовиќ крена „прашина“ во спортската јавност а по вчерашниот допис од Фудбалската федерација на Македонија, Европската фудбалска ферација (УЕФА) објави дека покрена истрага против Марко Арнаутовиќ за неговата претерана и некоректна реакција врз Езџан Алиоски по постигнувањето на голот за 3-1 на австриската селекција во неделата против Македонија.
Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување, а својот демант го напиша на англиски и албански јазик.