Од среда да се укине полискиот час, предлага Комисијата за заразни болести, која утринава имала состанок.
Освен оваа мерка, од среда 16-ти јуни преложено е да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова, се вели во соопштението на министерството за здравство.
Мерките биле предложени до Кризниот штаб, кој ги прифатил, а истите ќе се дискутираат и одлучуваат на владина седница.