Вести Свет

Бајден: Европа да знае дека Америка е тука

Американскиот претседател Џо Бајден и се враќа на колективната одбрана на НАТО. Европа да знае дека Америка е тука, порача Бајден пред денешниот почеток на самитот на Алијансата во Брисел. За претседателот членот пет од Повелбата на Северноатлантската алијанса е света обврска за неговата земја. Според овој член, кога е нападната една земја членка, нападнати се сите. Да не постоеше НАТО, ќе мораше да се измисли, рече Бајден.

Членот 5 го сфаќаме како света обврска. Постојано ги потсетувам Американците дека кога Америка беше нападната за првпат на своите брегови и она што се случуваше на крајот од Втората светска војна, НАТО истапи, НАТО истапи, го почитуваа членот 5. Сакам цела Европа да знае дека САД се тука, САД се тука.

Како 30-те земји членки ќе се согласат да ги опишат предизвиците од агресивната Русија и се поголемата агресија од Кина ќе биде од голем интерес за Алијансата.

И мислам дека во последните неколку години има сè поголемо признание дека имаме нови предизвици и ја имаме Русија што не делува на начин што е во согласност со она што се надевавме, како и Кина.

Се очекува Бајден повторно да ја истакне американската посветеност за колективна одбрана на 30-те сојузници во НАТО откако Трамп ја доведе во прашање нејзината важност и предложи во 2018 година Вашингтон да го повлече своето членство. Сепак, промените кои ги наметна Трамп со својата агресивна и конфронтирачка политика ќе имаат и долгорочно влијание врз меѓународната политика. На својата европска турнеја Бајден ќе мора да ги ублажи последиците што ги предизвика неговиот претходник.

Со денешниот самит и заклучоците кои ќе треба да се постигнат со сплотеност, Алијансата ќе мора да прикаже дека не е ниту одблиску до „мозочна смрт“ како што еднаш се пожали францускиот претседател Макрон.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе