Во 18 часот на „Националната арена“ во Букурешт, шведскиот судија Андреас Екберг, ќе го означи стартот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Австрија.
Многу соништа и желби се исполнети, но битката допрва почнува. Историјата допрва ќе се пишува и ќе ја пиушуваат Ангеловски, Пандев, Елмас, Барди, Тричковски, Велкоски, Адеми, Алиоски Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Ристовски, Шишковски, Велковски, Николов, Ристовски, Спировски, Чурлинов, Радески, Стојановски, Трајковски Димитриевски, Јанков, Зајков, Аврамовски, Хасании Костадинов.
Амтмосферата во Скопје полека се вжештува. Кафулињата, рестораните, кафеаните подготвени. Во бавчите кои одамна се резервирани поставени се телевизори знамиња и дресови.
Граѓаните се оптимисти, победа на Македонија, типуваат најчесто со резултатот 2:0 а стерлци се кој ако не капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас.
Во Букурешт има огромен број македонски навивачи а атмостерафата таму одамна ја помина точката на топење. Поддршката од трибините е загарантирана.
Репрезентативците се максимално мотивирани и подготвени за натпреварот. Го знаат противникот бидејќи во квалификациите два пати игравме со репрезентацијата на Австрија и два пати загубивме. Неколку дена се анализира нивната игра и се подготвува тактиката со која ќе им се спротивставиме.
Сега е наше време!