Свет

Лидерите на Г-7 се согласија за вакцините, климатските промени и за глобален даночен систем

Тридневниот Самит на Седумте најразвиени индустриски земји во Корнвол заврши со заедничката декларација во која се наведува дека Г-7 идната година ќе донира една милијарда вакцини против Ковид-19, ќе обезбеди повеќе пари за борбата против климатските промени и ќе се воведе глобален минимален данок од најмалку 15 отсто за мултинационалните коорпорации.

Во декларацијата се бара Светската здравствена организација (СЗО) подетално да го испита потеклото на Ковид-19 во Кина, истакнувајќи дека истрагата мора да биде „транспарентна“ и „водена од експерти“.

Лидерите на Г-7 се согласија да го зголемат својот придонес во финансирањето на климатските активности и да го исполнат ветувањето дека ќе обезбедат 100 милијарди долари годишно помош за посиромашните земји. Г-7 ги повика и другите развиени земји да се приклучат во борбата против климатските промени.

Ја потврдуваме колективната цел на развиените земји да работат заедно за да обезбедат 100 милијарди долари годишно до 2025 година од јавни и приватни извори, во контекст на суштинско дејствување и транспарентност, се наведува во декларацијата.

Исто така лидерите на Г-7 се согласија да се укине државната помош за електраните на јаглен.

Сите земји-членки на Г-7 се обврзаа дека до 2050 година ќе постигнат нула емисии на јаглерод, но според голем број еколози тоа ќе биде предоцна.

Лидерите на земјите-членки на Г-7 го поддржаа реформскиот проект изработен од нивните министри за финансии за воведување на глобален минимален данок за борба против даночната конкуренција меѓу земјите.

Седумте најразвиени индустриски земји ја повикаа Русија да „престане со дестабилизирачките активности“, да ги почитува човековите права и да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за кибер напади од нејзината територија.

Ја повикуваме Русија под итно да го истражи и да даде веродостојно објаснување за употребата на хемиското оружје на своја територија, се наведува во завршната декларација.

Лидерите на Г-7 ја повика Русија и да престане со „систематската репресија врз цивилното општество и независните медиуми и да ги идентификува и да одговараат лицата кои од нејзина територија извршуваат кибер напади“.

Во декларацијата се повикува и Кина да ги почитува човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Ксинџијанг и на жителите на Хонг Конг, притоа изразувајќи подготвеност да соработува со со Пекинг за прашањата од „заеднички интерес“.

Во документот Г-7 го поддржа одржувањето на Летните олимписките игри во Токио од 23 јули до 8 август, што беа одложени поради пандемијата со Ковид-19.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе