Ковид19 Македонија

Во ковид-центрите хоспитализирани 101 лице, слободни околу 530 кревети

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупната се лекуваат 101 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Како што информира Министерството за здрваство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани четири нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ и во ГОБ 8 Септември немало приеми на нови пациенти.

На инфективните одделенија во главниот град вкупно се лекуваат 36 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19. Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа, пак, во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 2, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Министерството за здравство поосчува дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе