Македонија Најважни

По успешната трансплантација почна да чука срцето кај пациентот, денес се трансплантираат и два бубрега

Добра вест пристигна од Клинички – трансплантирано срце утрово почна да чука во градите на примател кој бил на листата за чекање. Пациент кој веќе неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест, дочека нова шанса за подобар и помирен живот.

Донор е 44 годишна пациентка чие семејство несебично и покрај големата загуба се одлучило на хуманост.

Веста дека трансплантацијата е извршена успешно ја сподели министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи во 7 часот и 53 минути утринава.

Се заблагодари на огромниот тим лекари вклучени во подготовката на тешката операција и потенцира дека следните неколку дена се критични за состојбата на пациентот, со надеж дека телото ќе го прифати новиот орган.

 

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Благодарност до колегите од сите клиники кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност. Голема благодарност и на семејството за несебичниот гест“ напиша Д-р. Венко Филипче на социјалните мрежи.

Во 23 часот медицинските тимови на Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија  ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од пациентката која доживеала мозочна смрт.

Час потоа – околу полноќ лекарите ја започнаа постапката за трансплантација на срцето и бубрезите, за потоа да следи и експлантацијата на коскени ткива.

Макотрпната работа на тимот доктори донесе нова шанса за подобар живот на неколку луѓе кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија. Денес на Клиниката за урологија се прави трансплантација на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт.

А, ваква слика како оваа се случува веќе неколку пати во изминатава година – затоа што беа извршени четири трансплантации.

Во оваа најнова операција учествуваа тимови од Државната кардиохирургија и од „Жан Митрев“, на чело со професор Сашко Јовев и доктор Жан Митрев, како и анестезиолози од КАРИЛ на чело со доктор Маја Мојсова.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе