Свет

Израел: Потпишан коалициски договор за нова влада

Осум израелски партии потпишаа денеска коалициски договор, со што се овозможува формирање нова влада во која по 12 години нема да биде Бенјамин Нетанјаху.

Владата треба да положи заклетва в недела во Кнесетот, каде ќе добие поддршка од 61 пратеник.

Новата влада најавува ков курс насочен кон заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност.

Новата владејачка коалиција, која има тесно мнозинство во Парламентот, се состои од осум партии, вклучувајќи дури и една арапска партија, првпат во историјата на Израел.

Единствено околу што се согласиле е дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, мора да замине и земјата не смее да си дозволи ново излегување на избори.

Според договорот, во првите две години премиер ќе биде Нафтали Бенет, а потоа на чело на владата ќе дојде Јаир Лапид, од политичкиот центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе