Доказен материјал од илјадници страници и 60 страници писмен одговор, државата денеска, на денот кога истекува крајниот рок, ќе испрати во Стразбур за случајот со помилувањата на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Не се открива какви точно докази содржи материјалот.
Поранешната судијка во Судот во Стразбур, Цаца Николовска, не сака да прејудицира каква ќе биде пресудата. Укажува дека, законитоста е клучниот елемент што треба да се утврди. Доколку се утврди незаконитост при постапувањето на кој било орган, вклучително и на поранешниот претседател на државата, тоа би било крај на постапката.
Се работи за одговор на 9 апликации на 10 поранешни функционери кои од Меѓународнуиот суд во Стразбур побараа да паднат судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година. Се работи за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Киро Тодоровски, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски иТони Јакимовски.
Далиборка Демјанска Цветановска