Македонија Топ вести

Продолжен притворот на Јордан Камчев

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за лицето Јордан Камчев поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП.

Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради  постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Од Судот, информираат дека се работи за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, по кој е поднесено обвинение и е во фаза на оценка на обвинителен акт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Удрил тупаница на лекар кој му давал помош во казино, во болница нападнал и се заканувал на полицајци – инцидент во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе