Македонија

Исчезна 16 годишно девојче од Кочани

Кочанското село Оризари во потрага по 16 годишната Наташа Николова, која вчера во осум часот излегла од дома и не се вратила. Откако не се јавила на мобилниот, нејзините родители го побарале класниот раководител, бидејќи од дома заминала дека оди во училиштето за да ги врати учебнинците. Семејството трага на сите можни локации и постојано на социјалните мрежи споделува апели доколку некој има некаква информација, да се јави кај нив, или во полиција.

Директорот на средното  училиштето „Ѓошо Викентиев“, Тони Велков вели дека вчера во училиштето немале никакви активности околу враќање на учебниците.

Ниту еден од нејзините сооченици вчера не бил во училиштето да ги врати учебниците, бидејќи немало закажано такво нешто. Според податоците од класниот раководител, таа редовно се вклучувувала на онлајн настава, но во второто полугодие ниту еднаш не одговарала усно, туку на сите прашања одговарала писмено, вели Тони Велков заменик директор на СОУ Ѓошо Викентиев.

Наташа Николова е прогласена за исчезната, полицијата од утринава се вклучи во потргата, го посетиле училиштето и други локации.

Таткото  на Наташа за Телма вели дека мобилниот не може да се лоцира, се надеваат дека сепак нивната ќерка ќе се врати, која во време на пандемија го почна своето средно обарзование.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе