Македонија

Состанок на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржува 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година.

На последниот, 13. состанок на Мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна.

Како што тогаш изјави Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија, двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

По завршувањето на дводневниот состанок се очекува да биде објавено соопштение за резултатот од оваа средба на мешовитата експертска комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе