Осум израелски партии потпишаа денеска коалициски договор, со што се овозможува формирање нова влада во која по 12 години нема да биде Бенјамин Нетанјаху.
Владата треба да положи заклетва в недела во Кнесетот, каде ќе добие поддршка од 61 пратеник.
Новата влада најавува ков курс насочен кон заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност.
Новата владејачка коалиција, која има тесно мнозинство во Парламентот, се состои од осум партии, вклучувајќи дури и една арапска партија, првпат во историјата на Израел.
Единствено околу што се согласиле е дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, мора да замине и земјата не смее да си дозволи ново излегување на избори.
Според договорот, во првите две години премиер ќе биде Нафтали Бенет, а потоа на чело на владата ќе дојде Јаир Лапид, од политичкиот центар.