Вести Македонија

Сообраќајни незгоди и хаос по скопските улици пред полноќ кога почнува полицискиот час

25 годишен жител од Батинци е осомничен дека ја предизвикал сообраќајката во која загинаа двајца, а неколкумина беа повредени. Обвинителството за него побара мерка со која не смее да го напушта живеалиштето, да му се одземе пасошот и возачката дозвола.

Според првичните сознанија на обвинителството, возел Хјундаи Акцент по левата сообраќајна лента од улицата „Борис Трајковски“. Кога пристигнал пред крстосницата, преминал преку две полни линии и од левата страна да го претекнува Фиат Пунтото кое се движело пред него. Со ова возел во спротивна насока и директно се судрил со Мерцедес кој доаѓал од спротивниот правец. Од ударот, возилото на осомничениот се движело кон десно и удрил во Фиат Пунтото кое претходно го престигнувал. Мерцедесот пак од  ударот отишол на спротивната коловозна лента, по што бил удрен од Фолсфаген Пасат и Фолсфаген Шаран и на крај удрил во метална ограда на тротоарот.

На лице место загинал 28-годишен скопјанец, возач на Мерцедесот и жител на с. Студеничани на возраст од 50 години кој возел со Фолсваген Пасататот кој удрил во Мерцедесот. Шестмина  се повредени меѓу кои и едногодишно дете.

По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги, обезбедена е фото документацијата, издадени се наредби за сообраќајно техничко вештачење, како и за обдукција на телата на починатите.

Сообраќајката се случи на 8 јуни на неполн час пред полицискит час. Од МВР велат дека имаат доволно контроли во текот на вечерните часови.

Но, се почести сѐ сообраќајните несреќи кои се случуваат во последниот половина час пред полноќ, од кога започнува и полицискиот час. Дивеењето по улиците во тој кус временски период исто така е сѐ почеста појава. Од МВР велат дека постојано има контроли, но совеста на луѓето и почитувањето на сообраќајните правила, е главен услов за нивната безбедност.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Кос: Имате шанса што морате да ја искористите, нема да трае секогаш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе