Македонија

Уставниот суд и натаму без тројца судии

ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот на Комисијата за избори и именувања Костадин Костадинов  да свика седница на која ќе се утврди предлог листа за тројца уставни судии. Нема да дозволат да се врши негова партизација преку избор на генералниот секретар Цветанка Иванова и адвокатот Васко Талевски. За ова преку писмо ја зивестиле и делегацијата на ЕУ.

Претседателот на комисијата Костадин Костадинов вели дека не се дадени предлози за уставни судии, а имињата на кандидатите се шпекулација.

Со цел во иднина да не сѐ случува ваков сличен вакум во работата на Уставниот суд, Хелсиншкиот комитет за човекови права неодамна достави иницијатива до Министерството за правда за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставни судии. Доколку не почне постапката за правно уредување, комитетот предупредува дека прашањето ќе остане неуредено и во следните 7 години.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе